ОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЗАЕДНИЦИ СО ИНТЕГРИТЕТ“
Во Општина Битола се одржа воведната средба за проектот „Заедници со интегритет“, чија главна цел е зајакнување на отпорноста на општините кон корупција и промовирање на транспарентноста во локалната администрација. Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија, а имплементацијата ќе ја води Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со Општина Битола, Советот на Општината, граѓанскиот…



