За помалку од 5 месеци повторно никна дива депонија кај Вештачко езеро
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп денеска повторно ја чисти дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде се натрупани градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика и мешан комунален отпад. Иако локацијата беше целосно исчистена во ноември минатата година во рамки на еко акција организирана од Општина Прилеп и „Комуналец“, само неколку месеци подоцна повторно е…


