Општина Битола дел од проектот за подобрување на комуналните претпријатија
Општина Битола е една од седумте општини што ќе добијат техничка и финансиска поддршка преку проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“. Договорот за поддршка го потпишаа градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈКП „Водовод“, Андреј Гинов. Проектот е во соработка меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарија преку…


