СИТЕ РАКОМЕТНИ СЛУЧУВАЊА КАЈ НАС НА RAKOMET.COM
Давид Маркоски е актуелен ракоментен судија за млади категории. Осум години се занимавал со ракомет како играч, а последните две веќе е судија во младинските категории во Македонија.
Покрај неговата поврзаност со тоа да придонесува на теренот, неговиот ентузијазам води до тоа да го отвори првиот и засега единствен веб-сајт за ракомет кај нас. На rakomet.com, љубителите на овој спорт можат да се информираат за сите новитети и се што е важно на македонското ракометно небо.
Давид ги покрива сите македонски лиги, интарнационалните настапи на македонските клубови и работата на репрезентациите, a на овој сајт можат да се најдат и сите трансфери и други важни случувања во ракометниот свет.