6.000 денари за секое новороденче – Проданоски потпиша 130 решенијата за финансиска поддршка
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес потпиша 130 нови решенија за доделување на еднократна парична помош за новороденчиња, продолжувајќи ја политиката за поддршка на младите семејства и грижата за најмладите прилепчани.
Помошта изнесува 6.000 денари и се доделува за секое новородено дете во општината. Само оваа година, вкупно 374 семејства ќе ја добијат оваа финансиска поддршка.
Минатата година, над 390 семејства поднесоа барање за еднократна финансиска помош за деца родени во 2024 година, при што Општина Прилеп издвои 2.385.000 денари од буџетот.
Оваа мерка се спроведува континуирано од 2022 година, а градоначалникот Проданоски истакна дека локалната самоуправа и понатаму ќе останеме посветени на поддршката на младите родители со цел да се олеснат трошоците кои ги носи доаѓањето на нов член во семејството и да се поттикне подобрување на демографската слика во нашата општина
„Грижата за најмладите останува еден од нашите врвни приоритети“, нагласи градоначалникот.



