|

БЛАГОРОДНИОТ ПЕНЗИОНЕР СО ЗАДОЦНЕТА СТАРОСТ (ВИДЕО)

Трајче Зуљамоски е професор во пензија кој веќе девет месеци волонтира во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“. Човек кој целиот свој живот го посветува на децата. Долги години како професор по физичко воспитување во прилепската гимназија, а сега и како волонтер во центарот.

Да се одлучи човек, пензионерските денови, кои поради задоцнетата старост се полни со енергија, како што самиот ни кажа, да ги посвети на деца со посебни потреби и да се стави во служба на една институција на која секогаш и е добредојдена рака повеќе е исклучително благородна постапка.

Погледнете го целото интервју:

Слични Објави