|

Од „Битола мој роден крај“ до џез и етно – музичко патување во Хераклеја

Во магичната атмосфера на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, четворица врвни кларинетисти – Исмаил Лумановски, Горан Бојчевски, Благојче Трајковски и Благој Ламњов – приредија незаборавна музичка вечер.

Пред бројната публика, со искрена емоција и мајсторска изведба, тие ги оживеаја македонските мелодии, од „Битола мој роден крај“ и „Калеш бре Анѓо“ до џез, етно и блуз ритмови. Посебно емотивен момент беше изведбата на композицијата „Зејтин“ од Лумановски, посветена на нивниот починат професор и музички педагог од Битола, Панде Татарчевски.

На сцената, музиката ја збогатија и други истакнати уметници: Давор Јордановски (пијано, клавијатури), Оливер Јосифовски (бас), Алек Секуловски (тапани), Зоки Конги и Ади Имери (гитари), Ристо Крстевски (хармоника), Илија Мицев (труба), Александар Петров (тапан), како и хорот „Коруновска Арс Нова“.

Настанот, дел од програмата на „Бит Фест“, ја претвори Хераклеја во сцена каде културата, историјата и емоцијата се слеаја во едно, а публиката со долги аплаузи ја испрати македонската музичка душа далеку надвор од границите на земјата.

Фото – Bit Fest

Слични Објави