(видео) „МАЛИ БОРЦИ – ГОЛЕМА НАДЕЖ“: Хуманитарен настан за подобри услови за предвреме родените бебиња
Во ЈОУ Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп денеска се одржа хуманитарниот настан „МАЛИ БОРЦИ – ГОЛЕМА НАДЕЖ“, во организација на Здружението „Purple Heart“ од Прилеп. Целта беше собирање средства за неонатолошкото одделение, поточно за уредување на посебна просторија од која предвреме родените бебиња ќе заминуваат дома.
Организаторката Данче Оклеска изрази задоволство од посетеноста и поддршката за иницијативата, заблагодарувајќи им се на сите учесници и поддржувачи. Во настанот се вклучија училишта, градинки, дневни центри и прилепски компании, обединувајќи се околу една заедничка цел – подобри услови за најмалите борци и нивните семејства.
Гинекологот Билјана Кржеска посочи дека и во Прилеп, како и во светски рамки, приближно едно од десет деца се раѓа предвреме, што ја нагласува потребата од соодветна медицинска грижа и поддршка за овие бебиња.
Директорот на болницата, Кире Јоноски, истакна дека причините за предвременото раѓање сè уште не се целосно разјаснети, но дека здравствената установа мора континуирано да ги зајакнува капацитетите на неонатолошкото одделение.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, кој нагласи дека, иако Општината нема директна надлежност во работењето на болницата, ќе ја поддржува хуманоста и иницијативите од ваков карактер.
Пратеничката Билјана Кузманоска, пак, најави законско решение со кое би се предвидела еднократна финансиска помош за семејствата на предвреме родените бебиња.
„МАЛИ БОРЦИ – ГОЛЕМА НАДЕЖ“ испрати порака дека зад секое предвреме родено бебе стои голема борба, но и дека заедничката поддршка може да направи разлика во првите, најважни денови од живото


