Екомисија за почист Прилеп во сабота

Општина Прилеп, во соработка со ЈКП „Комуналец“, јавните претпријатија, образовните институции и општествено одговорни компании, во сабота (14 ноември) организира голема еко-акција за чистење на повеќе локации во градот и околината.

Акцијата ќе започне во 8:30 часот, со собирање пред НУЦК „Марко Цепенков“, од каде учесниците организирано ќе се упатат кон предвидените локации.

Во фокусот на акцијата ќе бидат комплексот кај Вештачкото Езеро, излетничкото место кај Селце и локалитетот Маркови Кули. Ќе се чистат и повеќе локации со диви депонии, за чие отстранување ќе биде ангажирана и соодветна механизација.

Во акцијата ќе учествуваат градските институции, основните и средните училишта, јавните претпријатија и повеќе компании, а организаторите упатуваат повик до сите граѓани да се приклучат.

Од Општина Прилеп потенцираат дека грижата за животната средина не треба да биде обврска само за еден ден, туку одговорност на сите во секојдневното однесување.

Слични Објави