„ДАРУВАЈ КРВ, СПАСИ ЖИВОТ“ – ХУМАНИТАРНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП

Регионалната Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – Прилеп организира хуманитарна крводарителска акција под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, со цел да се поттикне хуманоста и да се подигне свеста за значењето на доброволното крводарителство.

Акцијата ќе се одржи на 3 ноември 2026 година (вторник), од 09:00 до 14:00 часот, во клубот на ИПА, лоциран во Бизнис-центарот во Прилеп.

Со оваа иницијатива, Регионалниот одбор на ИПА – Прилеп упатува повик до граѓаните, полициските службеници и сите луѓе со добра волја да се вклучат во акцијата и со својот хуман гест да придонесат за спасување човечки животи.

Крводарителството е чин на солидарност и човечност. Една дарувана единица крв може да биде од непроценливо значење за пациентите на кои им е неопходна, а секој доброволен крводарител е важен дел од синџирот на хуманост.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да ја поддржат акцијата и да покажат дека заедништвото, грижата за другите и хуманоста се вредности што ја обединуваат заедницата.

Дарувај крв – подари надеж, спаси живот!

Слични Објави