|

(Видео)Участакот и Првата пушка – сведоштва за храброста и борбата за слобода“

По повод одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, на 9 октомври 2026 година, во Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ во Прилеп беше промовиран каталог посветен на борците-востаници и нивната борба за слобода. Автор и уредник на публикацијата е Рубинчо Белчески.

Борци кои тргнале во борба без воено искуство, без оружје, но со челик во душата, со силна желба за слобода и визија за поправеден свет. Токму нивната храброст, пожртвуваност и верба во идеалите за солидарност и социјална правда се во фокусот на оваа публикација, која има за цел да го зачува споменот за едно значајно историско време и да го доближи до сегашните и идните генерации.

Во интервјуто со авторот и уредник на каталогот, Рубинчо Белчески, разговараме за Участакот, Првата пушка и историското значење на настаните поврзани со почетокот на востанието, како и за мотивите и пораките што ги носи оваа публикација. Преку историските сведоштва и сеќавањата, каталогот потсетува дека борбата за слобода не е само дел од минатото, туку и трајна обврска да се зачуваат вредностите за кои се бореле претходниците.

Промоцијата во Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ уште еднаш ја истакна важноста на грижата за историското наследство, бидејќи зачувувањето на спомените значи и нивно пренесување како сведоштво за храброста, непокорот и стремежот за подобро општество.

Слични Објави