Демир Хисар домаќин на Саемот за пчеларство и пчелни производи

На Градскиот плоштад во Демир Хисар во сабота, 10 октомври 2026 година, ќе се одржи „Саемот за пчеларство и пчелни производи – Демир Хисар 2026“.

Настанот, кој започнува во 10:30 часот, е посветен на промоцијата на пчеларството, домашното производство и локалните производители, со посебен акцент на медот, пчелните и останатите природни и традиционални производи.

На саемот ќе учествуваат пчелари и производители од Демир Хисар и поширокиот регион, кои ќе имаат можност да ги претстават своите производи и директно да се сретнат со посетителите.

Посетителите ќе можат да разгледаат и дегустираат различни видови мед и пчелни производи, но и да се запознаат со разновидната понуда на домашни и традиционални производи од локалните производители.

Програмата ќе биде збогатена и со културно-уметничка програма на КУД „Илинден“ – Демир Хисар, со што настанот ќе добие и дополнителна културна содржина.

Од Општина Демир Хисар посочуваат дека саемот има цел да придонесе кон промоцијата на локалното производство и пчеларството, да ги поврзе производителите со граѓаните и посетителите, како и да ја афирмира традицијата и потенцијалите на општината.

Слични Објави