КМФ Победа Прилеп започна подготовки за новата сезона: Клубот упати јавен повик до нови играчи и спонзори

КМФ Победа од Прилеп започна активни подготовки за претстојната натпреварувачка сезона 2026/2027 во Втората футсал лига на Македонија. Во пресрет на новите спортски предизвици, раководството на клубот објави двоен јавен повик – за засилување на играчкиот кадар, како и за поддршка од бизнис-заедницата и спортските пријатели.

Од клубот упатуваат јавен повик до сите заинтересирани и мотивирани играчи кои сакаат да бидат дел од нивниот тим.

„Ако сте подготвени за нов предизвик, тимска работа и борба за нови успеси, КМФ Победа – Прилеп ве очекува!“ – стои во официјалното обраќање до играчите.

Сите заинтересирани кандидати за пријавување и дополнителни информации можат да се обратат преку директна порака на официјалниот Facebook профил на клубот или на телефонскиот број +389 75 271 348.

Покрај играчкиот кадар, КМФ Победа упати и апел за финансиска и логистичка поддршка до сите компании, бизнисмени и љубители на спортот. Од управата нагласуваат дека секое спонзорство е добредојдено – без разлика дали станува збор за финансиска помош, донација на опрема, услуги или било кој друг вид на соработка.

„Заедно да помогнеме КМФ Победа да продолжи напред и достојно да го претставува нашиот Прилеп!“ – порачуваат од клубот, со надеж дека локалната заедница масовно ќе се одѕиви на овој повик за нови спортски успеси.

Натпреварувањето во Втората футсал лига за сезоната 2026/2027 започнува на 17/18 октомври 2026 година, а завршува на 10/11 април 2027 година.

Секој кој сака да помогне, може да уплати на следната сметка:

Слични Објави