Најава за протест на земјоделците и сточарите од Пелагонија

Земјоделци и сточари од Пелагонискиот регион, Битово, Прилеп и пошироко, а најавено е присуство и на земјоделци од Кавадарци, ќе протестираат на 30 септември со почеток во 11 часот.

Како што најави Борче Бучински, протестот, во организација на СДПП и СФЦП, нема да се однесува само на сточарството или градинарството, туку на, како што вели, проблемите со кои се соочуваат земјоделците во сите сектори.

Организаторите најавуваат дека на протестот ќе ги презентираат конкретните барања и решенија, а го покануваат и министерот за земјоделство, како и пратениците од регионот.

„Нека не биде далеку Прилеп за битолските и прилепските пратеници. Нека дојдат во 11 часот и нека бидат со народот, со земјоделците и сточарите“, порача Бучински.

Тој ги повика земјоделците масовно да излезат на протестот и директно да ги презентираат своите проблеми и барања.

Слични Објави