|

Повеќе од 200 ученици дел од MOVE MK 2026 во Прилеп

Повеќе од 200 ученици од четврто одделение од три прилепски основни училишта денеска учествуваа на MOVE MK 2026, настан организиран во рамки на Европската недела на спортот.

Главниот настан се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, каде учениците учествуваа во рекреативни активности и повеќе спортски дисциплини, со акцент на движењето, дружењето и физичката активност.

Активностите во Прилеп започнаа минатата недела во ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, каде беа опфатени повеќе од 200 ученици.

MOVE MK 2026 е во организација на Министерството за спорт, а целта на кампањата е да ги поттикне децата од најмала возраст да создаваат навики за физичка активност и спорт.

Денешниот настан, како што беше посочено, не беше насочен кон победа или пораз, туку кон игра, рекреација и дружење.

Слични Објави