Приведени маж и жена во Прилеп – Попречувале социјални работници при службена работа

Две лица од Прилеп се приведени откако, според пријавеното, попречувале вработени во Центарот за социјална заштита при вршење на службените дејствија.

Од ОВР Прилеп информираат дека вчера во 14:10 часот биле лишени од слобода Т.И. (68) и Р.И. (66).

Полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Т.И.(68) и Р.И.(66) од Прилеп. Според пријавеното, двете лица на ул.„Јусуф Јусуфоски” во Прилеп попречувале вработени лица во Центар за социјална заштита Прилеп при службено постапување.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Слични Објави