Најевтино гориво во регионот, но колку литри може да се купат со една просечна плата?
Според информациите објавени од Владата, Македонија во споредба со земјите од регионот има најниска цена на дизелот – 104,5 денари за литар. Кај бензинот 95, цената е 99 денари за литар.
Но, цената на литар не е единствениот показател за куповната моќ.
Направивме споредба и на тоа колку литри гориво може да се купат со една просечна нето-плата во земјите опфатени во споредбата.
За Македонија, просечната нето-плата во јуни 2026 година изнесувала 48.381 денар, според Државниот завод за статистика.
Според пресметката со објавените цени на горивата и просечните нето-плати:
Дизел:
Словенија – околу 770 литри
Хрватска – околу 700 литри
Грција – околу 499 литри
Црна Гора – околу 478 литри
Србија – околу 416 литри
Македонија – околу 390 литри
БиХ – околу 385 литри
Албанија – околу 280 литри
Кај бензинот 95, пресметката покажува:
Словенија – околу 886 литри
Хрватска – околу 779 литри
Црна Гора – околу 527 литри
Србија – околу 478 литри
Грција – околу 487 литри
БиХ – околу 429 литри
Македонија – околу 412 литри
Албанија – околу 320 литри
Овие бројки покажуваат дека пониската цена на литар гориво не значи автоматски и поголема количина гориво што може да се купи со една просечна плата.
Затоа, покрај номиналната цена на горивото, за споредба на стандардот важен податок е и односот меѓу цената на горивото и просечната заработка.



