BANDA BEND СО COLDPLAY И TRAVIS TRIBUTE НА „ОД НУЛА ДО КУЛТУРА“

Прилепскиот Banda Bend, бенд кој е формиран пред 15 години и низ годините ја гради својата музичка приказна со бројни настапи во живо низ Македонија, доаѓа на сцената на „Од нула до култура“.

На 20 август, со почеток во 21:30 часот, на Камена бина, Banda Bend ќе приреди музичка вечер посветена на две големи имиња – Coldplay и Travis.

Публиката ја очекуваат препознатливи хитови, емоции, добра атмосфера и песни што генерации ги знаат и ги пеат заедно.

🎶 Banda Bend – Coldplay & Travis Tribute
📍 Камена бина
📅 20 август 2026
🕤 21:30 часот

Вечер за добра музика, одлична енергија и заедничко пеење. Се гледаме на „Од нула до култура“!

Слични Објави