Македонскиот филм „Силјан“ ќе има светска премиера на престижниот филмски фестивал во Венеција
„Сиљан“ новиот филм на режисерката Тамара Котевска ќе има светска премиера на престижниот филмски фестивал во Венеција. Филмот ќе биде прикажан во официјалната селекција Out of Competition.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на Sundance и две номинации за Оскар – и меѓународниот одек на документарецот „The Walk“, македонската режисерка Тамара Котевска се враќа на голема врата со нов филм. Нејзиното најново остварување „Сиљан“ („The Tale of Silyan“) е селектиран за светска премиера на еден од најпрестижните филмски настани – Филмскиот фестивал во Венеција 2025 година, во рамки на официјалната програма „Out of Competition“.
Филмот раскажува поетска и визуелно маестрална приказна за животот на еден македонски фармер и неговата неочекувана врска со бел штрк со скршено крило. Длабоко вкоренет во македонскиот фолклор, „Сиљан“ е инспириран од народната легенда за момчето Сиљан, кое по расправија со татко му се претвора во штрк.
Снимањето траело три години, а филмот започнал како лична идеја која Котевска ја развила и ја водела до нејзината целосна реализација. Режисерката потпишува и продукција на филмот, кој е создаден во копродукција со американската продукциска куќа Concordia и британската The Cornershop. Во продукцискиот тим се вклучени и Жан Дакар (Jean Dakar) – кој е и директор на фотографија – и Јорданчо Петковски, со кого Котевска моментално работи на својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Фотографијата во филмот, дело на Жан Дакар. Признанието за уникатниот пристап на Котевска доаѓа и од Том Пауерс, селектор на документарната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и уметнички директор на DOC NYC – најголемиот фестивал за документарни филмови во САД.
Со „Сиљан“, Тамара Котевска уште еднаш го потврдува својот автентичен авторски печат и придонесува кон афирмацијата на македонската кинематографија на светската сцена.


