ЦУК -Активни два пожара на отворено, еден ставен под контрола

До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите од ЦУК, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева.

Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај селото Долна Бошава, каде гори ниска вегетација.

Во меѓувреме, изгаснати се два пожара и тоа во општина Желино, кај селото Дебарце, каде била зафатена ниска вегетација, како и во општина Гостивар, кај селото Горна Бањица, во кругот на фабриката САЕМ, каде гореле сува трева и дрвени отпадоци.

Слични Објави