Прилеп се враќа во диско ерата – „Disco Night“ на Камената бина
2 јули – Вечерва на плоштад „Александрија“, на Камената бина, музичкиот настан „Disco Night“, дел од проектот „Од 0 до КултурА“, во организација на Прилеп Култура.
Настанот започнува во 21:00 часот и носи специјално подготвен концепт инспириран од златната ера на диско музиката. Публиката ќе има можност да ужива во безвременски хитови од светски легенди како Donna Summer, Madonna и други икони кои го дефинираа диско звукот и оставија силен белег во музичката историја.
Иако бендот Aleks & Friends е веќе препознатлив на македонската музичка сцена, овој настап е замислен како уникатно диско доживување, специјално создадено за оваа вечер. Составот го сочинуваат:
Алекс – вокал, Александар Ристески – гитара, Анастасија Ристовска – тапани, Мартин Стојанов – бас гитара и Лашко Атанасов – клавијатури.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со енергија, танц и позитивна атмосфера, при што публиката е поканета да понесе добро расположение и да стане дел од едно незаборавно музичко патување низ диско ерата.
„Disco Night“ се најавува како едно од најатрактивните летни случувања во Прилеп, кое ќе ја претвори Камената бина во отворен подиум за танц под ѕвезденото небо.


