Започна реконструкцијата на ул. „11-ти Октомври“ во Прилеп – инвестиција од околу 9 милиони денари

Во Прилеп, започна реализацијата на проектот за реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување на улицата „11-ти Октомври“.

Проектот се спроведува преку „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија“, со финансиска поддршка од Светска банка, а под координација на Министерството за транспорт. Изведувач на градежните работи е ГД „Гранит“ АД Скопје.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 9 милиони денари.

Со интервенцијата се опфаќа реконструкција на површина од околу 2.800 м², односно 520 метри од двете страни на улицата.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека проектот значително ќе придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на урбаната слика на градот.

Тој упати и апел до граѓаните да ги отстранат паркираните возила од улицата, со цел непречено и безбедно изведување на градежните активности и поефикасна реализација на проектот.

„Со оваа инвестиција создаваме побезбедни услови за движење на пешаците и велосипедистите и поквалитетна урбана средина за сите граѓани“, порача градоначалникот.

Слични Објави