МЕМЕНТ0 – 21 година од смртта на една од најголемите спортски легенди на Прилеп – Милан Башески – Баше.
Милан Башески – Баше е роден на 6 октомври 1953 година во Прилеп. Основното образование го завршил во родниот град, а во 1968 година се запишал во Електромашинскиот училишен центар „Никола Тесла“ во Скопје. Токму тогаш започнала и неговата голема љубов кон каратето, тренирајќи во Карате клубот „Сеник“.
Баше беше носител на црн појас – шести дан и меѓународен карате судија. Со својата посветеност, знаење и работа остави неизбришлива трага во македонското карате и во спортскиот живот на Прилеп.
Во 1989 и 1993 година беше прогласен за најдобар спортски работник на град Прилеп, а во 1993 година Собранието на Општина Прилеп му ја додели наградата „9 Септември“ за особени заслуги и придонес во развојот на општината.
По неговата прерана смрт, на 28 јуни 2005 година, Карате клубот во негова чест го доби името КК „Прилеп – Баше“, а неговиот лик и дело продолжуваат да живеат преку Меморијалниот карате турнир „Милан Башески – Баше“, кој секоја година се одржува во Прилеп и ги собира каратистите во чест на човекот што остави неизбришлива трага во овој спорт.
Вечна слава на Милан Башески – Баше. Неговото име засекогаш ќе остане запишано во историјата на прилепскиот и македонскиот спорт.


