🥇 Злато и највисок резултат за Македон – најдобар меѓу 56.913 натпреварувачи!

Постојат успеси што заслужуваат аплауз, а постојат и успеси што ја исполнуваат цела држава со гордост. Токму таков е подвигот на нашиот млад математички талент Македон Димитриевски.

Со знаење, упорност и исклучителна посветеност, Македон најпрво освои златен медал во екипна конкуренција на престижниот натпревар „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“, а потоа го постигна и највисокиот индивидуален резултат меѓу сите учесници.

Како круна на овој неверојатен успех, тој ја доби и престижната George Lenchner Medal – признание што му припадна за максимален резултат меѓу дури 56.913 натпреварувачи од американски училишта во САД и од многу други земји низ светот.

Ова не е само личен успех. Ова е доказ дека македонските деца можат да бидат најдобри во светот кога талентот ќе се спои со трудот, дисциплината и љубовта кон науката.

Македон, денес ти си инспирација за илјадници млади луѓе и вистински амбасадор на Македонија. Твојот успех е гордост за твоето семејство, наставниците, училиштето и за сите нас.

Што да кажеме освен – БРАВО, МАКЕДОН! Продолжи да блескаш и да ги освојуваш светските врвови!

Слични Објави