„Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ во Кривогаштани
Во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани, на 24 мај 2026 година (недела), со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Богоја Бојчески, насловена „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“.
Изложбата, во организација на Фото Архив Кривогаштани, ќе трае 10 дена, од 24 мај до 3 јуни 2026 година, а посетителите ќе имаат можност низ фотографиите да го видат Кривогаштани од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
На отворањето ќе настапи виолинистката Марија Јанчулеска, која ќе изведе композиции од Јохан Себастијан Бах и Антонио Лучо Вивалди.
Од 25 мај до 3 јуни изложбата ќе биде отворена секој ден од 10 до 12 часот.



