Од ѕиркање низ прозорецот, до фасцинација од погледот „Маркукуле – живо“

Во Ликовна Галерија Прилеп вечерва беше отворена изложба на фотографии „Маркукуле – живо“ од Ивана Темелкоска.

Изложбата ја отвори Милан Темелкоски, кој истакна дека Марковите Кули го чуваат прашањето и одговорот за почетоците на животот и развојот на Прилеп – градот под Марковите Кули.

„Маркови Кули се исклучително богат локалитет и со своите форми постојано инспирираат создавање уметнички дела. Секоја фотографија на Ивана носи своја поетика. Гледајќи ги светлосните и атмосферските промени на Маркукуле од својот дом, таа успеала со фотоапаратот да ги забележи тие уникатни моменти. Со восхит и респект му приоѓа на овој симбол на Прилеп“, посочи Темелкоски.

За Ивана Темелкоска, „Маркукуле – живо“ е прва самостојна изложба.

Слични Објави