„БУРА“ ВО САБОТА НА РЕПЕРТОАРОТ НА ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР

Една од малкуте можности, прилепчани да гледаат театар, откако зградата на театарот беше затворена поради неисполнување на услови за организирање на било какви масовни настани.

Оваа сабота, на 20 септември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, на сцената на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Бура“ во режија на Џон Блондел. Музиката е на Серафим Чернит.



Во претставата настапуваат: Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа и Ана Митоска.

Билетите се достапни на телефонскиот број 076 442 378.

Слични Објави