Врсничко насилство во Прилеп – ЕДНИ ГО ТЕПАЛЕ, ДРУГ ГО СНИМАЛ ТЕПАЊЕТО
Ѓ.Р.(36) од Прилеп во четвртокот пријавил во СВР Битола – ОВР Прилеп дека пред околу две недели неговото малолетно дете било физички нападнато од соученици за време на час по физичко образование во основно училиште во Прилеп.
Според пријавата, додека траел инцидентот, еден од учениците го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



