Летна пракса за студентите на УКЛО со месечен надомест од 10.000 денари
Можност за стекнување практично работно искуство и финансиска поддршка добиваат студентите на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола преку новиот повик за „Универзитетска летна пракса“, што трета година по ред се реализира во соработка со Општина Битола.
Програмата, која се спроведува во рамките на европската алијанса на универзитети КОЛОРС, има цел да ги зајакне професионалните капацитети на младите преку директно вклучување во работата на локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Со повикот ќе бидат опфатени 40 студенти, кои практикантската работа ќе ја реализираат во текот на јули, август и септември. Секој од избраните кандидати ќе посетува пракса во времетраење од еден месец.
Практичната работа ќе се одвива во одделенијата на Општина Битола и во јавните претпријатија, каде студентите ќе имаат можност непосредно да се запознаат со институционалното функционирање и административните процеси.
За избраните практиканти е предвиден месечен нето надомест од 10.000 денари, обезбеден од Општина Битола.
Повеќе информации за условите и начинот на пријавување се достапни на официјалната страница на УКЛО:



