Советот на Општина Ресен на 67-та седница ќе расправа и за донација на противпожарно возило
Советот на Општина Ресен ја закажa 67-та седница за петок, 27 јуни 2025 година, со почеток во 11 часот. На дневен ред се наоѓаат неколку значајни предлог-одлуки поврзани со буџетот, донации, образованието, урбанистичко планирање и вработувања во јавни установи. Седницата моќе да се следи во живо на следниот линк https://www.youtube.com/@opshtinaresen/streams.
За седницата се предлага следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 66-та седница
- Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог-Одлука за прифаќање донација – Противпожарно возило од Operation Florien Ltd (Операција Флоријан ДОО Обединето Кралство).
- Предлог- Програма за дополнување на Програмата за активностите на Општина Ресен во областа на образованието во 2025 година.
- Предлог – Одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти на КП бр.412/1 во КО Сливница, на барање на Стефче Наумовски од с. Сливница, Ресен.
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2025 година.
- Годишен план за вработување за 2026 година на ОУ Дом на култура ,,Драги Тозија“ Ресен.
- Годишен план за вработување за 2026 година на ЈОУДГ “11 ти Септември “ Ресен.
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на ФК ,,Преспа,, Ресeн.