|

Честит 5 Мај, Денот на македонската азбука и македонскиот јазик


Петти мај е ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

На седми јуни е усвоен и правописот, со што се завршува кодификацијата на македонскиот јазик. Од 2019 година со одлука на Владата денешниот ден е прогласен за ден на македонската азбука и на македонскиот јазик.

На денешен ден, 5-ти мај во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а по два месеца, тогашното Министерството за просвета го озаконило првиот правопис на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на Блаже Конески: Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик, како и со ангажманот и делото на македонскиот деец и автор на првата Македонска граматика – Круме Кепески.

Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“, во празничниот број 104 од 4, 5, 6 и 7 мај 1945 година.

Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик, со кое на македонски јазик се напишани и објавени илјадници книги што се читаат од Македонците, но и од припадници на другите нации кај нас и по светот.

Слични Објави