|

ЛАЖНИ КАЗНИ ВО ИМЕ НА МВР – Внимавајте на измамнички пораки што бараат 1500 денари!

Во соопштение од Министерство за внатрешни работи информираат дека во изминативе денови е забележана зачестена појава на измамнички пораки испратени до граѓани, во кои лажно се тврди дека им е регистриран сообраќаен прекршок.

Како што стои во соопштението, измамниците испраќаат SMS пораки од странски телефонски број (+639606963624), во кои има линк до лажна веб-страница што наликува на официјалната страница на МВР. Откако корисникот ќе кликне, се бара внесување на регистарската табличка, по што системот прикажува наводен прекршок и бара уплата од 1500 денари преку платежна картичка.

Од МВР предупредуваат дека станува збор за класична интернет измама, со цел злоупотреба на лични и финансиски податоци на граѓаните.

Надлежните апелираат:

  • да не се отвораат сомнителни линкови,
  • да не се внесуваат лични податоци или податоци од платежни картички,
  • да се проверува веродостојноста на испраќачот пред било каква реакција.

„Граѓаните и правните субјекти да не наседнуваат на вакви измами и да постапуваат внимателно при примање пораки од непознати испраќачи“, се наведува во соопштението.Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk .

Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот.

Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба.

Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип.

Слични Објави