Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп – Животот го загуби 19-годишен мотоциклист

Трагична сообраќајна несреќа го потресе Прилеп, откако 19-годишен мотоциклист го загуби животот во судир со автобус.

Од СВР Битола информираат дека несреќата се случила утринава на улицата „Леце Котески“ во Прилеп, при што дошло до судир помеѓу автобус и мотоцикл. Во несреќата тешко бил повреден мотоциклистот, кој бил пренесен во болница, но лекарите констатирале смрт.

Станува збор за 19-годишно момче од селото Големо Коњари.

Увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Прилеп, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Слични Објави