|

Илинден во Смилево – 82 години од ослободувањето на Смилево

2.8.2024 г. (петок) во во село Смилево, спомен паркот на Даме Груев, на местото Умалишта, со почеток во 10:15 часот, ќе се одржи традиционално чествување во село Смилево, по повод големиот христијански и национален празник, Илинден – Денот на Републиката.

Централната општинска цеременија со кои достоинствено ќе се одбележи 121 години Илинден, 82 години од ослободување на Смилево и 80 години АСНОМ, е под покровителство и организација на Општина Демир Хисар.

Свое пригодно обраќање на свечената манифестација ќе има градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, како и претставник на Владата на Република Македонија.

Програма и поканата од Оштина Демир Хисар.

Да ни е честит и вечен Илинден – еден од најважните празници во Македонија!

Слични Објави