ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ПОСВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ПОСВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ – (пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме)

Денес и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m2). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.  – СООШТЕНИЕ ОД УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ

Слични Објави