Во тешка сообраќајка загина 32 годишник од Крушево
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот меѓу Прилеп и Крушево, животот го загуби 32-годишник од Крушево, потврдија од полицијата.
26 април 2026 година, во 21:06 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ. (28) од Прилеп, и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (32) од Крушево.
Во несреќата, возачот на возилото „опел вектра“, Н.З., се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Прилеп, каде им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт. информираат од СВР Битола



