Сопствениците на приватно и хотелско сместување од Крушево да ја подмират туристичката такса и да се категоризираат
Oпштина Крушево со апел до сите сопственици на приватно или хотелско сместување во Крушево да ја подмират туристичката такса и да се категоризираат.
Плаќањето на туристичката такса значи повеќе инвестирање во инфраструктурата, туризмот и се она што ќе привлече повеќе туристи и ќе понуди квалитетен престој.
„Евиденцијата за бројот на туристи кои го посетиле Крушево годинава покажува дека тој број е многу поголем од платената туристичка такса,
Во периодот што следи за да нема нееднаквости и привилегирања при плаќањето, некои да плаќаат, а некои не, контролите ќе бидат засилени и затоа ги повикуваме граѓаните да ја подмируваат таксата.“ стои во апелот од општината.