(ВИДЕО) Гужви на границите – Дали е поевтино да се празнува во Грција?

Продолжениот празничен викенд традиционално измами многу Македонци да заминат во Грција. За време на продолжениот празничен викенд, на граничниот премин Евзони се забележуваат значителни гужви и подолги задржувања. Според информации од патници, за излез од Грција се чека и до два часа, при што во текот на попладневните часови се формираат колони возила и кон Македонија.

Зголемениот сообраќај е резултат на масовните празнични патувања, при што, според податоци од Министерството за внатрешни работи, над 43.000 македонски граѓани ги поминале велигденските празници во странство. Најоптоварени биле граничните премини Табановце, Богородица и Блаце.

Дополнително, туристи предупредуваат дека како што одминува времето така задржувањето се пролонгира, па оние што планираат да тргнат пододна ги чека вистински хаос на граница.

Слични Објави