По пет месеци прва седница за советнички прашања: Закажани 12-та и 13-та седница на Советот на Општина Прилеп
На 1. Април во 12 часот, во големата сала на Општина Прилеп. по речиси пет месеци од почетокот на мандатот, Советот на Општина Прилеп конечно ќе одржи седница наменета за советнички прашања, во рамки на 12-тата седница.
Иако според Деловникот советниците имаат право да поставуваат прашања на секоја седница, ова е првпат во актуелниот мандат да биде закажана ваква точка. Со досегашната динамика на одржување седници, која во просек изнесува околу една и пол седница месечно, се наметнува проценката дека советниците би имале можност да поставуваат прашања само околу осум пати во текот на целиот мандат.
Ова отвора прашања за практичната примена на Деловникот, но и за обврската на градоначалникот да присуствува на седниците на кои се поставуваат советнички прашања.
По завршувањето на 12-тата седница, е закажана и 13-тата седница на Советот.
На 13-тата седница ќе се разгледуваат 18 точки, меѓу кои:
- Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година
- Тримесечни извештаи и годишни сметки за работењето на јавните претпријатија ЈКП „Пазари“, ЈП за ПУП, ЈКП „Комуналец“ и ЈПЕД ЕНЕРГО-ПРИЛЕП
- Одлуки поврзани со платите на вработените и статутарни измени во јавните претпријатија
- Давање согласности за годишни планови за вработување во 2027 година во средните училишта во Прилеп
- Програма за еднакви можности за 2026 година
- Прашања поврзани со родова еднаквост и уредување на крајбрежен појас на водотеци
Седниците ќе се одржат на 1 април 2026 година во големата сала на Општина Прилеп.




