„Прилепчани мајтапчии“ – хумористична поезија во Прилеп
На 1 април 2026 година (среда), со почеток во 17:00 часот, во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе се одржи поетски настан насловен „Прилепчани мајтапчии“.
Настанот е во организација на Клубот на литературни творци и се реализира согласно годишната програма за активности, а ќе биде во знакот на хуморот, сатирата и ведриот дух.
Организаторите ги повикуваат сите членови кои имаат авторска поезија или прозни текстови со шеговита содржина да се пријават и активно да учествуваат, збогатувајќи ја вечерта со своето творештво и присуство.
Се очекува настанот да донесе многу смеа, креативност и пријатна атмосфера за љубителите на пишаниот збор.
Пријавување на: https://www.facebook.com/events/1413389447254016



