Дожд и снег до петок, потоа сонце – Прогноза за следните денови

Под влијание на циклонска активност од денес до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места.

Пообилни врнежи ќе има во Среда и Четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец.

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.

Слични Објави