Полна сала за „Златен елец“ на Светскиот ден на театарот
Со гостувањето на детската претстава „Чудесен напиток“ на театарот „Златен елец“, во Прилеп беше одбележан, Светскиот ден на театарот– 27 Март.
Салата беше исполнета до последно место, а најмладата публика возврати со искрени насмевки, аплаузи и радост – токму она што театарот го прави жив.
Во рамки на одбележувањето, актерите Александар Тодески и Бобан Алексоски ги прочитаа светската и македонската порака за театарот, потсетувајќи на значењето на сцената како простор за слобода, критика и човечка поврзаност.



