(видео) Луцидниот сон продолжува низ „Дожд“
Музичкиот проект Луциден сон го претстави својот нов сингл, „Дожд“, песна со автентична атмосфера и емоција, низ која врне постојано, како што самите автори ја опишуваат.
– Музиката и текстот се дело на Костадин Стојаноски,
– вокал Гоце Кантар,
– аранжман, програмирање и микс потпишани од Луциден сон.
– Видеото е изработено со визуелна концепција и монтажа на Костадин Стојаноски, при што е користена комбинација од stock архивски материјали и оригинални кадри, кои дополнително ја надополнуваат атмосферата на песната.
„Дожд“ носи препознатлив звук и интимен израз, продолжувајќи го уметничкиот пат на Луциден сон низ современ, атмосферичен и искрен музички наратив.



