ЗВУЦИТЕ НА ГРАДОТ – ВЕЧЕР НА СТАРОГРАДСКА МУЗИКА (видео)
Синоќа на платото пред центарот за култура Марко Цепенков, се одржа вечер на староградска музика под наслов „Звуците на градот“. На преполниот АРТ плоштад прилепчани уживаа во настапите на женската пејачка група „Орхидеја“, пејачка група при здружението „Преродба“, КУД „Пензионер“, КУД „Пере Тошев“, женски камерен хор Керамија и Октет Прилеп.
Настанот беше во организација на НУЦК Марко Цепенков – Прилеп