БК АС Прилеп со успешен настап на завршното коло од младинската и првата бокс лига

Денес во спортската сала „Македонски херои“ во Скопје се одржа шестото и последно коло од Првата и Младинската бокс лига на Македонија. Боксерскиот клуб АС од Прилеп успешно ја заокружи сезоната со солидни настапи и значајни резултати.

Во категоријата до 40 килограми, Леон Цветкоски загуби со 2:1 во рамноправна и борбена пресметка, прикажувајќи одлична форма и борбеност.
Мартин Трајкоски, во категоријата до 52 килограми, извојува убедлива победа со одлична техничко-тактичка борба.
Валентин Стризлоски (до 70 кг) успешно дебитираше во лигата, забележувајќи победа над својот противник.
Највпечатлив настап имаше Давид Карапеев (до 75 кг), кој славеше со нокаут во втората рунда.
Младинецот Влатко Димоски немаше противник во својата категорија и настапот му беше службено откажан.

Со овие резултати, БК АС Прилеп ја завршува сезоната на четвртото место во Младинската бокс лига на Македонија.

Од клубот упатија честитки до боксерите и стручниот тим за вложениот труд и најавија уште поамбициозни планови за наредната сезона, со цел постигнување уште поголеми успеси за Прилеп и Македонија.

Слични Објави