Прилепските велосипедисти меѓу најдобрите во Македонија за 2025 година

На 12 декември, во хотелот „Гардениа“ во Велес, се одржа свечената церемонија за доделување признанија на најдобрите велосипедисти и клубови во Македонија за 2025 година. На настанот, значајни награди добија прилепските клубови ВК Херој и Скај Рајдерс, потврдувајќи ја доминацијата на Прилеп во велосипедскиот спорт.

Во дисциплината друмски велосипедизам, постигнати се следните резултати:

  • Константин Костоски (ВК Херој) – јуниори – 1 место
  • Влатко Лозаноски (ВК Херој) – мастерс – 1 место
  • Стефан Маџоски (ВК Херој) – кадети – 2 место

Со овие успеси, ВК Херој беше прогласен за најуспешен младински клуб во друмски велосипедизам за 2025 година.

Во дисциплината планински велосипедизам, Стефан Маџоски (ВК Херој) го освои 2 место во категоријата кадети.

Во дисциплината спуст, одлични резултати постигна клубот Скај Рајдерс:

  • Александар Стојкоски – сениори – 1 место
  • Стефан Јосифоски – сениори – 3 место

Со овие пласмани, Скај Рајдерс е прогласен за најуспешен клуб во спуст за 2025 година.

Овие резултати се уште една потврда за квалитетната работа, посветеноста и континуираниот развој на велосипедизмот во Прилеп.

Слични Објави