(видео) Повторно црн чад од местото каде лани избувна големиот пожар – „Спас за Прилеп“ алармира
На социјалните мрежи денес беше објавено видео од местото каде пред неколку месеци изби големиот шумски пожар што ја зафати целата планина. На снимката се гледа како од истиот предел повторно се крева густ, црн чад.
Од граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ повторно реагираат и прашуваат кој е надлежен и зошто никој не презема мерки, особено знаејќи дека токму таму минатото лето пожарот предизвика огромни последици.
Овој пат, за среќа, дува јужен ветер, па чадот не оди кон градот. Но „Спас за Прилеп“ предупредува дека ваквите повторувачки согорувања се сериозен еколошки ризик и бара итна реакција на институциите за да се спречи нов поголем инцидент.


