Тетовчани со овации за „Керамија“

Женскиот камерен хор “Керамија” на 30 Јуни како единствен престставник од градот Прилеп, учествуваше на 33 издание на Интернационалниот Фестивал за православна духовна музика “Техо” Тетово. Оваа година фестивалот се одржа во Духовно културниот центар “Кирил Пејчиновиќ” во Лешок во Тетово. Изведени беа дела од духовен карактер и тоа “Достојно ест” глас 1 -византиски напев- арр. Григориј Протопсалт, “Оче наш” -арр. Гоце Секулоски, “Богородице” – А. Архангелскиј, “Иже Херувими” -Д.Бортњанскиј, “Слава Оцу и Сину” -Д.Бортњанскиј. Без разлика што хорот моментално брои 6 членки доби огромни овации и пофалби за одличната интерпретација.

Со овој настап ја заокружуваме турнејата на настапи од натпреварувачки и ревијални средби. Ќе дадеме мал одмор па во Октомври го најавуваме целовечерниот концерт на ж.к.х” Керамија” во Прилеп – изјави Катерина Попоска, раководител на хорот.

Слични Објави