Општина Прилеп – Водата од мерно место л.в.с. Ерековци – двор – не е здравствено исправна
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека:
водата од мерно место локален водоснабдителен систем с.Канатларци – бензиска одговара за употреба,
додека водата од мерно место л.в.с. Ерековци – двор – не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.
Водата мора редовно да се хлорира.



