Иливска на конференција за еднаквост и демократија во Шведска

На покана на Шведската асоцијација за локална самоуправа (SALAR), претседателката на Советот на Општина Битола и независен кандидат за градоначалник, Габриела Иливска, учествуваше на Интернационалната конференција „Моќта на еднаквоста: женското политичко учество и развојот на демократијата“ што се одржа во Стокхолм, Шведска.

Конференцијата ги собра учесниците од повеќе земји со цел размена на искуства, ставови и практики во областа на еднаквоста и демократијата.

Бројни средби и разговори, а како најзначајна се издвојува средбата со претседателот на Советот на Стокхолм, на која се отвориле можности за понатамошна соработка и размена на знаења важни за унапредување на локалната самоуправа и демократските процеси во Битола.

Фото: Фејсбук – Габриела Илиевска

Слични Објави